Автобусите на ЈСП ќе возат по изменет режим од вообичаениот

 

ЈСП Скопје преку соопштение ги информира граѓаните дека денеска (01.07.2022) од 11 часот, поради блокада на улица „11 октомври“ пред собранието на Македонија, возилата на ЈСП ќе возат по изменет режим.

По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии:

 

„Линии 3, 3А и 3Б

* Во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама

 

* Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

 

Линија 4

* Во насока од населба 11 Октомври кон Хром, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди и  ќе продолжува по својата редовна траса

 

* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), па преку улица „11 Октомври“ ќе продолжува по својата редовна траса

 

Линија 4А

* Во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“  по својата редовна траса

* Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“,  па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

 

Линија 5

* Во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, па право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“,  па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовнаа траса

 

Линија 7

* Во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по  булевар Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата редовна траса

 

* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

 

Линија 15

* Во насока од Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по  булевар Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди и  ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

 

Линии 21, 21A, 21Б и 22

* Во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, од кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Петков Мисирков“, па лево по булевар „Гоце Делчев“, па по булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжуваат по своите редовни траси

* Во обратна насока ќе се движат по истата изменета траса

 

Линија 23

* Во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат

*Во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“,  десно по улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

 

Линија 24

* Во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, од кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по  булевар Климент Охридски“, па лево по булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

 

Линија 26

* Во насока од Карпош кон Железара, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти лево по мост Гоце Делчев, па по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Крсте Петков Мисирков“ и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока ќе се движи по истата изменета траса

 

Линии 27, 33 и 44

* Во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат

* Во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“,  па десно по улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), ул. „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по својата траса

 

Линија 41А

* Во насока од населба Драчево кон Клинички центар, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по  улица „Кирил и Методиј“, па лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар

* Во обратна насока, од булевар „Климент Охридски“, улица „Димитрие Чуповски“,  па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

 

Линии 43, 50, 50А, 57, 57А и 59

*Во правец на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, а после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по своите редовни траси

*Во обратна насока ќе се движат по истите изменети траси“, соопштија од ЈСП Скопје.

01.07.2022 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега