Аврамовска Мадиќ: Сите претседателски кандидати за СДСМ се другари

„Многу позитивно сум изненадена од вчерашната средба каде што имавме состанок со сите претседатели на општински организации и претседатели на општински изборни комисии. Присуството беше значително големо, со исклучок на 5-6 оправдано отсутни од југозападниот регион, бидејќи кандидатите во тој период им беа на трибина за претставување. Имаше заинтересираност, една позитивна атмосфера, волја за повторно да продолжи СДСМ да функционира, да работи, да се обедини. Кандидатите одлично се држат, нивното другарство се гледа меѓу четворицата кога ќе дојдат во партијата да се консултираат за нешто со изборната комисија, кога комуницираат со нас постојано. Го сфатиле тоа дека е фер натпревар меѓу себе и дека на секој од нив ќе биде подадено рака“, рече Викторија Аврамовска Мадиќ претседателка на изборна комисија за избор на претседател на СДСМ во интервју на Слободен печат.

Таа додаде дека Централната изборна комисија им дала предлог на кандидатите да одат во осумте изборни региони.

Ние како Централна изборна комисија им дадовме предлог на кандидатите да одат во осумте изборни региони каде што ќе имаат заедничко претставување за да може членството да направи разлика кога ќе ги претставуваат нивните програми. Програмите се наоѓаат на веб страната објавени и тие средби продолжуваат. Едната беше во Кавадарци, другата во Куманово, вчера беше во Охрид, вечерва се во Штип и ќе трае се до крајот на неделата до 28 јуни. Во меѓувреме они слободно можат да одат со медиумско претставување, во општинските организации, да си прават средби со членовите“, потенцираше Аврамовска Мадиќ.

25.06.2024 - 18:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега