АУДИО: Птичји песни ги претркаа ѕвездите на австралиската музичка листа

 

Албумот составен од цвркотења и свиркања на загрозени австралиски птици дебитираше во првите пет на музичката топ-листа „Ариа“ во Австралија.

Албумот Songs of Disappearance ги надмина хитовите на „АББА“ и Д Викенд – а да не ги спомнуваме божиќните фаворити Мајкл Бабл и Мараја Кери.

Создаден од BirdLife Australia, албумот содржи пеење на птици на 53 најзагрозени видови во Австралија. За некои звуци требало да се чека со часови во грмушка за да сними едно кратко цвркотење.

Дејвид Стјуарт, снимател на звуци на диви животни, поминал повеќе од 30 години собирајќи често ретко слушнати звуци од дивиот свет во Австралија. Токму неговите снимки од птици се користени за албумот.

Кога беше објавен на 3 декември, започна кампања на социјалните мрежи во обид албумот да биде ставен  во австралиската листа за музика „Ариа“ – и успеа. Songs of Disappearance влезе во историјата со тоа што стана првиот албум од ваков вид што се најде меѓу првите пет.

Приходите од продажбата ќе бидат наменети за проекти за заштита, кои ги води „Брд-лајф Австралија“.

 

 

16.12.2021 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега