Асоцијацијата за цистична фиброза: Ги застапуваме интерсите на сите пациенти, се оградуваме од Пехчевски
Асоцијацијата за цистична фиброза се огради од ставот на Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, кој вчера објави дека директорката на Детската клиника, Стојка Фуштиќ му се заканила дека доколку продолжи да дава изјави за медиумите за него нема да има место во болницата а реагираше и на Асоцијацијата за болни од цистична фиброза при што наведе дека се бори за сите негови соборци болни од цистична фиброза, но се смее кога потпретседателот и претседателот како што рече први ќе добијат од лекот а пред да го добијат ќе цимолат и неможат да добијат ништо додека едно дете кое никој не го знае и познава не излезе со транспарент од болничкиот кревет „Трикафта за сите“, напиша Пехчевски.
„АЦФ којашто ги застапува интересите на сите пациенти без никаков исклучок како и досега ќе продолжи да дејствува за обезбедување современа терапија за сите пациенти со цистична фиброза.
Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на АЦФ, Асоцијацијата се оградува од лично изнесениот став на пациентот поврзан со лечењето и третманот кон него.
Воедно, како Асоцијација на пациенти немавме и немаме забелешки за професионалниот пристап и третманот од страна на здравствените работници задолжени за оваа специфична здравствена состојба. Напротив, токму заради професионалниот пристап, голема е почитта кон сите нив меѓу кои и професорката Стојка Фустиќ, особено затоа што е достапна во секое време, без разлика дали станува збор за празник или нејзин слободен ден.
Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне“, стои во нивното соопштение.
Претходно Игор Пехчевски болен од цистична фиброза во реакцијата на социјалните мрежи напиша: „Асоцијацијата за цистична фиброза каде сите треба да бидеме еднакви организираат средби, работни групи за да на крај го добијат лекот и без срам се оградуваат од БОРБАТА на еден свој СОБОРЕЦ, нарекувајки го Игор Пехчевски П.С. Фики Гаспар и Ивана Атанасоска, нели капетаните последни го напуштаат бродот, Вие први го сторивте тоа.
Нека ви служи на честа“, додава Пехчевски во напишаното.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа