Кузеска: Клинчаров бил главен поддржувач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

 


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција истакна дека е добро што Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за судир на интереси, непотизам и корупија во врска со тендерите во министерството на Стефан Андоновски.

СДСМ, рече Кузеска, тоа го поздраува.

Очекуваат скандалот, финансиската афера во која жената е Државен секретар а мажот добива тендери да биде целосно брзо расчистен и да следува одговорност.

Според Кузеска, фактите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите.

„Иако се обидуваше да ја оправда оваа скандалозна ситуација со апсурдни изговори сепак ги призна тендерите. Ова не е само судир на интереси – ова е очигледен случај, основано сомнение за корупција. Денеска ќе објавиме дека сопругот на државната секретарка, Мартин Клинчаров, кој ги добвал тендерите во министерсвото на Андоновски е жесток поддржувач на Мицкоски и ДПМНЕ. На неговиот профил на Фејсбук може да се види дека учествувал на партиски состаноци во Белата палата, за што објвувал и слики. Во своите објави Клинчаров жестоко го брани Мицкоски од, како што самиот вели „бардовите“ на новинарството. Ова е потврда дека станува збор не само за семејсна туку и за партиска поврзаност, директен линк и со ДПМНЕ“.

Ете, вели Кузеска, каде завршуваат парите на граѓаните.

Според неа, одговорност за овој скандал мора да има.

Оценува дека првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега, како што додаде, е на ред завршница на предметот но и вклучвање на Јавното обвинителство и правдата мора да биде задоволена.

Кузеска нагласи дека тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани.

СДСМ, прецизира таа, нема да дозволи оваа афера да биде заташкана, а секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот.

12.03.2025 - 13:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега