Арсовска со иницијатива: Таа и советниците да донираат по една плата за лекувањето на Леонид

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска поднесе иницијатива Градот и советниците да се приклучат на хуманата акција за собирање пари за лекување на младиот Леонид кој во моментот е во Виена.

-Кога се работи за еден млад живот чекањето не е опција, од таа причина градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денес до Советот на Град Скопје,  испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред - да му помогнеме на младиот Леонид Индов. Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид, велат од Град Скопје. 

Од денес пак, градот Скопје како што беше најавено вчера, започнува со хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот а во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје.

22.02.2024 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега