Арсовска: Посветено ги реализираме проектите од програмата за модерно Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес конференција за медиуми, кажа дека посветено се реализираат проектите од програмата за модерно Скопје.
- Во изминатиот период силно се посветивме на потребните анализи, реорганизација во администрацијата и мобилизација на квалитетен кадар кој достојно ќе се носи со предизвиците, односно кој ќе се посвети на реализација на проектите од програмата за модерно Скопје. Затоа денеска со задоволство можам да констатирам дека сме консолидирани и почнуваме со исполнувањето на проектите од мојата програма за модерно Скопје, кажа Арсовска.
Арсовска најави започнување на проектите од програмата со рокови на имплементација во три фази до крајот на месец август оваа година. Изградба, реконструкција и асфалтирање на улици и булевари, фекална и атмосферска канализација, нови зелени површини се дел од проектите на кои градот интензивно ќе работи во периодот што следи.
- Прва фаза на имплементација е до 30.06.2022. Во овој период планирани се следните инвестиции. Започнува реконструкција на повеќе од дваесет улици во општина Ѓорче Петров и тоа: Во село Волково – ул.83, ул 100 десен крак, улица 73, улица 3, улица 74, улица 78, улица 80 – Пржина, ул 81 – крак 1, 2, 3 лево, улица 81 – крак 4 десно. Во Кисела Јабука – улици 4, 6, краците на улицата 46 и 46а и улицата 68, улицата 10, улицата 34. Ул. Антон Кецкаров во населбата Даме Груев. Во село Ново Село крак лево кај училиштето, краците на улиците 4 и 2, улица 52 десен крак во населба Стопански Двор. Започнува изградбата на мега парк во Ѓорче Петров еден од ветените 5 од програмата. Реконструкција на бул. Теодосиј Гологанов. Завршување на реконструкцијата на ул. Есенинова започната во 2020, а која беше наследена со бројни проблеми. Завршување на работите на ул. Васко Карангелески каде со силен напор успеавме да го зачуваме дрворедот од стогодишни дрвја и тоа на барање на граѓаните, 100 дрвја кои со започнатиот проект од претходното раководство требаше да бидат исечени, потенцираше Арсовска.
Втората фаза на реализација на проектите од програмата за модерно Скопје, според најавите на Арсовска е предвидено да започне на 1 јули а дел од главните проекти во оваа фаза се и реконструкција на улиците Бутелска, Перо Наков, Рузвелтова, Димо Хаџи Димов, Скоевска и Славка Динкова. Арсовска најави и продолжување на градежните активности на Универзална сала.
-Завршени се сите постапки и по 12 години се реконструира улицата Бутелска како и со децении заборавената улица Перо Наков. Се започнува со реконструкција на фекалната канализација во населбата Градинар во Кисела Вода. Започнува и реализацијата на проект за изградба, реконструкција и покривање на Усјански канал. Имаме ново техничко решение за Универзална и со зголемен интензитет ќе продолжат работите на објектот, дополни градоначалничката Арсовска.
Третата фаза со план на реализација од 01 до 31 август годинава, опфаќа реконструкција на улиците на Кузман Јосифовски Питу, Перо Наков, и ќе се реконструираат шест игралишта во Сарај, како и две игралишта во средните училишта на град Скопје.
08.06.2022 - 15:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа