Арсовска: Градот Скопје има потенцијал да прерасне во зелен рај

 

 

Градот Скопје има потенцијал да прерасне во зелен рај, со реализација на мега парковите, нови зелени површини и садници, реконструкции и одржување на постоечкото зеленило и заштита на Водно, зелениот штит на градот. Заштитата и зачувување на животната средина значително ќе придонесе за повисок квалитет на живот во нашето Скопје, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Затоа оваа година реализиравме двојно повеќе од претходно:

38.539 м2 нови зелени површини

76.769 м2 реконструкција на постоечко зеленило

724.480 листопадни, зимзелени дрвја и садници и нов сезонски насад

На 10 паркови локации поставени нови елементи од дрво, видиковци и реквизити изработени од природни материјали, паркови за миленици, реквизити за деца

Имплементирани активности во согласност со Посебниот план за заштита и уредување на Парк шума Водно

За прв пат по цела деценија темелно чистење и партерно уредување на 126.000 м2 на кејот на Вардар

 Ја отпочнавме изградбата на првиот Мега Парк Даме Груев во општина Ѓорче Петров

Продолжуваме посветено за поубав град за сите нас, напиша Арсовска на Фејсбук.

07.11.2022 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега