Арсовска го разреши и најновиот директор на „Водовод“

 

Досегашниот в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Виктор Панчевски е разрешен по половина година на оваа функција.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски, кој досега беше вработен во претпријатието.

Панчевски е разрешен по само 6 месеци откога беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.
Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска.

06.08.2024 - 16:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега