Арсовска: Дали Христијан Мицкоски заедно со Ковачевски имал тајна средба во еден скопски локал?
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако два дена беше недостапна за медиумите, штотуку се огласи на социјалната мрежа Фејсбук за актуелната состојба во главниот град, но не за да понуди решение за колапсот во истиот, туку даде информации дека утре ќе се отвори јавен повик за да аплицираат приватните превозници со цел да бидат во функција линиите 20 и 22, но „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да конкурираат.
Но, покрај ова Арсовска во статусот на Фејсбук се фокусираше и да постави неколку прашања на политичките партии, кои пак, цели два дена меѓусебно се обвинуваат за ситуацијата во Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје, прашува дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Ковачевски имал тајна средба во еден скопски локал?
Освен овие, упати и други прашања кон најголемата опозициска партија:
„Што се однесува на патетиката на ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме да одговорат на следните прашања:
- Дали Христијан Мицкоски со неговиот директор на штаб Орце Тодоровски, инаку притворен и првообвинет во случајот „Делчевски Ниви“, договараа набавка на 150 автобуси од Унгарија?
- Дали Христијан Мицкоски и неговиот актуелен шеф на штаб, Ивица Томовски, преку негови фирми е единствен подобен за одржување и чистење во општините, училиштата и претпријатијата каде ВМРО-ДПМНЕ е власт?
- Дали Христијан Мицкоски заедно со Ковачевски имал тајна средба во еден скопски локал?
- Дали е точно дека Христијан Мицкоски, Александар Николоски, заедно со Зоран Заев и Венко Филипче пред два месеци имале заеднички ручек во ресторан во Малешевијата каде се зборувало за уставните измени?
- Дали е точно дека Христијан Мицкоски има истрага во ОЈОГОКК за криминал со хидроцентрали кој се држи во фиока?
- Дали е точно дека брат на член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, сопственик на фирмата „Моби Саунд“ е единствен организатор на манифестации во општините каде власт е ВМРО-ДПМНЕ?
- Дали е точно дека Игор Јанушев, другар на Христијан Мицкоски и актуелен пратеник, како директор на ЈСП склучил штетен договор со милионски пенали доколку се раскине, со фирмата „Маратон“ за рекламирање на автобусите на ЈСП и дали е точно дека од овој бизнис се делат провизии?“, прашува Арсовска преку ФБ.
View this post on Instagram
06.12.2022 - 16:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа