Аријана Гранде и Далтон Гомез се разведуваат
Аријана Гранде и Далтон Гомез наводно се разведуваат.
Поп-ѕвездата (30) поттикна шпекулации дека има проблеми во бракот кога минатиот викенд се појави на Вимблдон без венчалниот прстен од сопругот, агент со луксузни недвижности, со кој е во брак повеќе од две години.
Според извори блиски до парот, како што пренесуваат „Пејџ сикс“ и ТМЗ, Аријана и Далтон не се повеќе заедно од јануари.
„Заедно дојдоа до одлука“, рече инсајдерот додавајќи дека имале проблеми од почетокот на годината и не успеале да го спасат бракот.
Како и да е, двајцата сакаат да останат добри пријатели.
„Тие имаат само почит еден за друг. Уште се пријатели и сакаат да го задржат пријателството. Немаше неверство или нешто лошо помеѓу нив, туку бракот, едноставно, не функционира. Се случуваат вакви работи“.
Аријана последен пат беше видена со бурма на раката во април на концертот на Џеф Голдблум во Лондон.
Таа и Далтон тајно се венчаа во мај 2021 година во нејзината куќа во Монтесито, Калифорнија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа