Апсење на Бит Пазар - приведениот носел боксирач, електричен парализатор и нож


Денеска во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.Н.(30) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени боксирач, електричен парализатор и нож.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

24.09.2024 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега