Апел за помош: Да и помогнеме на Јованка од Велес да замине на лекување во Србија

 

Велешанката Joванка Атанасовска има 45 години и боледува од МС - Мултиплекс Склероза. Поради Атрофија на мускулите на долните екстремитети, потребни се парични средства од 10.000 евра за лекување, во времетрање од три месеци во клиника во Ниш, Србија, со надеж за повторно исправување на нозе. 

Секоја сума е значајна, да ги отвориме нашите срца, нашето малку, некому значи се.

Се повикуваат сите граѓани кои се во можност да донираат финансиски средства. Денарската и девизната сметка се прикажани на фотографијата. 

Отворени се и телефонски броеви за донација:

Т-МОБИЛЕ: 143 153

А1: 143 472

 

25.06.2023 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега