Анкета на ИРИ: Скопјани се незадоволни од градоначалничката Арсовска

 

Повеќе од 57 отсто од граѓаните на Скопје се „целосно незадоволни или донекаде незадоволни“ од работата на градоначалничката Данела Арсовска. Скопјани се незадоволни и од работата на Советот на Град Скопје – 54 отсто од испитаниците (1.207), покажаа резултатите на анкетата американскиот Меѓународен републикански институт (ИРИ).

Но графата за позитивни оценки е поголема за Арсовска отколку за Советот на Град Скопје – 39 отсто се задоволни или донекаде се задоволни од работата на Арсовска. За работата на Советот на Град Скопје позитивно или донекаде позитивно се изјасниле 30 проценти.

Анкетата покажа дека најголем проблем за граѓаните на Скопје се урбаното планирање и развојот, загадувањето и јавната хигиена и здравствената заштита.

Од работата на Арсовска се целосно или донекаде задоволни 39 отсто, а за Советот на Град Скопје се изјасниле 30 проценти.

Анкетата е спроведена од Брима, од 23 септември до 13 октомври, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетиран е национално репрезентативен примерокот од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе.

 

19.12.2022 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега