Ангелов до македонските навивачи: Како може да си ја исвиркувате химната на вашите баби и дедовци
Бугарија славеше со 1-0 против Македонија во Скопје во последниот меч од Лигата на нации, па така заврши на втората позиција.
Нашиот источен сосед ја слави важната победа, а поранешниот бугарски репрезентативец Станислав Ангелов кажа дека не му се допаднало исвиркувањето на химната на Бугарија од страна на македонските навивачи.
„Мило ми е што Антов се мотивирал на исвиркувањето на химната. Мене ми е чудно како можете да си ја исвиркувате химната на вашите баби и дедовци. Многу е чудно, но пропагандата е тешка“, кажа Ангелов.
27.09.2022 - 09:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа