Ангелов: Цел сме на хибриден напад
Ова што сега се случува, ова е мој личен став, бидејќи од 1991 година сум во безбедносниот систем на државаѕта, е последица на тоа дека ние сме цел на хибриден напад. Истовремено сме нападнати со повеќе пожари. Ќе ве потсетам дека денеска изби пожарот во една семенара, каде исто така имало пластичен отпад, можеби имало и гајби и истовремено се појави и овој пожар во Трубарево. Кажете ми колкава е можснота за два истовремени сериозни пожари додека ние ја затрушуваме Дрисла и се уште работиме во Вардариште - изјави на вечерашната вонредна прес конференција директорот Стојанче Ангелов.
Тој укажа дека претходната Влада во овој дел не му давала задолженија и дека з авреме на претходната Влада, со депониите се справувале општините. Оваа Влада, рече тој, направи исчекор и ми даде поголеми овластувања и тоа јавно го кажувам: оваа Влада покажа неспоредливо поголема активност, во однос на пожарите.
На прашањето за тоа дека досега, оваа година изгореле 25 отсто од површините во државата, Ангелов рече:
-Тоа дека 25 отсто од државата е изгорена е глупост. Ова можете да го зборувате во вашата емисија. Ова е глупост. Обединити Нации измериле колку изгорело во Македонија? Двојна глупост е ако е на ОН. Оваа година изгоре помала површина од лани. Ако они мереле трева и грмушки, тоа е друго. Очекувам и други пожари, бидејќи сме цел на хибриден напад. Имавме еден катастрофален пожар во Јасен, но немавме други сериозни пожари.
Што се однесува до Вардариште, Ангелов додаде:
-Почетниот пожар е од палење кабли, а неофицијално имам информации дека на тие што палеле кабли им се дадени пари за вечерта да запалат пожар, а потоа истото да го направат и другиот ден. За пари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа