Андоновски: Дигиталната трансформација нема да биде само декларативен памфлет за оваа Влада
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска имаше гостувањето на ТВ 24, во емисијата „Аргумент плус”, при што зборуваше за надлежностите на Министерството за дигитална трансформација како новоформиран ресор во Владата, но и за Програмата и клучните приоритети на ова министерство во наредниот период.
„Нашата визија е целосна дигитализација на јавните услуги, комплетирање и целосно интегрирање на системот е-услуги, подобрување на капацитетот на јавните институции за испорака на ефикасни е-услуги, подигнување на дигиталната писменост на граѓаните и деловните субјекти за користење на е-услуги и зголемено користење и запознавање на граѓаните со овие услуги. Дигитализацијата ќе биде приоритет што ќе го трансформира начинот на работа на јавната администрација и ќе ја зголеми нејзината економичност, транспарентност и квалитет на работа и покрај фактот што 91% од компаниите користат интернет и компјутери, само 100 илјади корисници се во моментот застапени на веб порталот на Владата“, изјави Андоновски.
Министерот Андоновски потенцираше дека целта на оваа Влада во наредниот период е да промовира високи стандарди во технолошкиот развој преку насочени инвестиции, а овој сеопфатен пристап има за цел да ја позиционира Македонија како лидер во регионот за да се смени досегашната реалноста според која, Извештајот за е-Влада на Европската комисија, ја сместува Македонија на последното место, додека Извештајот за дигитализација на претпоследно место.
„Нашите клучни интервенции ќе бидат во насока на забрзување на дигиталната трансформација во земјата, унапредување на инфраструктурата и технологиите за дигитализација со следење на динамиката на промени на светско ниво“, нагласи Андоновски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа