Андонов: Потребен е одреден период малите и средните претпријатија да ги намалат цените на производите и услугите
Соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата Виктор Андонов на денешната прес-конференција, наведе дека потребно е време за да се намалат цените на производите и услугите на малите и средни претпријатија, кои се покачени врз основа на покачувањето на цената на електричната енергија.
Осврнувајќи се на одлуката на Влада, за 20,15 проценти да биде намалена цената на струјата за мали и средни претпријатија, Андонов рече дека првите сметки со таква пресметка компаниите ќе ги добијат во февруари и оти затоа е потребен временски период да се намалат цените на производите и услугите кои тие ги нудат.
– Имајќи предвид дека овие цени ќе стапат на сила од 1 јануари и тие компании првите сметки ќе ги добијат во текот на февруари, потребен е некој период од некој месец. Ние ќе следиме во тој период откако ќе стапи на сила новата цена. Секако Владата има механизам за следење преку надлежните инспекторати за следење на цените на услугите и доколку воочи дека трговците не ги намалуваат цените на своите производи, има механизми кои стојат на располагање за ограничување на цените или на маржите како што е направено и претходно, истакна Андонов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа