Ана Винтур повторно вљубена на 71 година
Дали ова е „Љубов, всушност“? Откако минатата година се развела од вториот сопруг, тексашкиот бизнисмен Шелби Брајан, првата дама на американскиот магазин „Вог“ постојано е под лупата на папараците, кои се обидуваат да дознаат дали во нејзиниот живот се појавила нова љубов.
Кој го освои срцето на „челичната леди“ Ана Винтур? Славниот британски актер Бил Најхи одамна е сомнителното лице, а нивната неодамнешна средба во ресторанот „Пјерлуиџи“, ни помалку ни повеќе туку во вечниот Рим, би можело да биде доказ дека станале повеќе од пријатели.
21.10.2021 - 13:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа