Американците распоредија тенкови и возила во Полска и во Литванија

 

Во пристаништето Влисинген, Холандија почнаа да пристигнуваат амерински тенкови и други борбени возила, чии крајни дестинации се Полска и Литванија.

Ројтерс пренесува дека ова распоредување на возила се должи на планот да се зајакне источното крило на НАТО.

„На ова пристаниште пристигнуваат околу 1.250 парчиња воена опрема“, изјави полковникот Роберт Келам, кој ја надгледува целата операција од американската страна.

Пристаништето го обезбедуваат холандски војници, а меѓу воената опрема се и тенковите М-1 „Абрамс“ и борбените оклопни возила „бредли“ кои пристигнаа од Тексас. По рускиот напад врз Украина, НАТО постепено ги зајакнува своите борбени групи, од Балтичкото Море на север до Црното Море на југ.

11.01.2023 - 18:59
Фото: 
Ројтерс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега