Амбасадорите на Италија и БиХ во посета на Собранието: Босанскиот амбасадор ќе се сретне и со Левица

Во посета на Собранието денеска ќе престојуваат италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јачимовиќ.

Како што информираат од собраниската прес-служба, италијанскиот амбасадор Силвестри ќе има средба со претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Додека, пак, босанскиот амбасадор Јачимовиќ ќе се сретне со пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

02.02.2024 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега