Алиу и Меџити: Нема да си поднесеме оставки

 

Министерот за здравство Фатмир Меџити, како и министерот за информатичко општество Азир Алиу на вечерашната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање кажаа дека нема да си поднесат оставка, откако претходно Кадровска комисија на Алијанса за Албанците, одлучи на Џафери да му предложи да ги разреши овие двајца министри. 

Министерот Меџити, во изјавата потенцираше дека досега во Владата не биле спремни да имаат министри како нив, кои работеле храбро, посветено и транспарентно.  

 

06.02.2024 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега