Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност

 

 

Актерот Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност затоа што пукал во камерманката Халина Хачинс, која беше убиена за време на снимање филм.

Болдвин претходно кажа дека не знаел дека во пиштолот има вистински куршуми. Тој вежбал сцена за вестерн-филмот „Рѓа“ кога се случи пукањето на ранч во близина на Санта Фе, Ново Мексико во октомври 2021 година.

Хана Гутиерез Рид, која била одговорна за оружјето за филмот, исто така ќе биде обвинета за убиство од небрежност.

Ни едниот ни другиот не ги коментираа обвинувањата.

19.01.2023 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега