Активистка на „Парада на гордоста“: Ме нарекуваат болна, ми посакуваат смрт – пријавувам, никој ништо не презема
Активистка за борба за права на ЛГБТ луѓето кажа дека трансродовата заедница се уште може да оствари едно од најелемтарните човекови права – правото на индетитет, односно да се идентификува така како што се чувствува. Таа посочи дека како трансродово лице постојано е мета на напади, исмејување, закани.
„Се уште се соочуваме со недоволно капацитети на органите на прогон. Не можеме да се пофалиме дека ревносно ги браниме правата на ЛГБТ луѓето и институционално да ја спречиме омразата. Далеку сме од демократско општество. Говорот на омраза во нашето општество зема замав. Иако безброј пати сме пријавувале и до полицијата и до Јавното обвинителство, немаме случај каде некој е санкциониран“, кажа активистка.
Посочи дека и натаму не може да извади документи, иако е трансродово лице. Таа додаде дека основно право во европа е да може да се смени пол во документи, и додаде: „Бараме да можеме еднакво да придонесуваме во општеството, наместо со години да се занимаваме со документи“.
„Ме нарекуваат, болна, неморална, ми посакуваат смрт, ме исмејуваат и ми се закануваат. Многупати досега сум побарала заштита, сум поднела кривична пријава. Но Обвинителството, полицијата, ништо не преземала“, додаде активистката.
Зборуваше и за верските лидери.
„Тие морализираат што е жена и како треба да изгледа. Тие си земаат за право да сеат омраза и тоа да го викаат морал. Ако тоа е морал, а нашата борба за да не нѐ тепаат и за да се вработуваме е неморална – тогаш треба да се запрашаме дали сакаме да бидеме демократија или теократија (облик на државно уредување во кое владее Бог преку свештенството).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа