Ако долгот не се подмири, приватните автобуски превозници повторно ќе го блокираат Скопје
Приватните автобуски превозници кои со месеци ги чекаат своите пари од Град Скопје за претходно извршените договори за јавен превоз во главниот град, утрово протестираат пред седишетото на ЈСП.
-Овде сме со цел да побараме средба со директорот на ЈСП. Немаме никакви примања веќе 6 месеци. Колегите од Слобода превоз добија мизерни 5000 денари, па затоа и дојдовме да прашаме по кој основ е ваквата уплатата на нивната сметка. Доколку немаме одговор од директорот за решавање на нашите проблеми, тогаш повторно ќе поднесеме барање за средба со Арсовска, а последна надеж ќе ни биде премиерот Димитар Ковачевски. Ако повторно не бидеме сериозно разбрани, ќе следуваат нови протести во градот, изјави Јовица Зафировски, приватен превозник.
Тие ќе побараат и средба со градоначалничката Данела Арсовска, а доколку не се договорат за исплата на долгот, приватните превозници повторно ќе излезат на блокади на градските улици.
Град Скопје минатата година ги раскина договорите со приватните превозници кои пред Нова година блокираа повеќе сообраќајници во центарот на Скопје со барање да им бидат исплатени парите, што пак градоначалничката Данела Арсовска негираше дека Градот им е должник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа