Ајкула нападна сурфер во Австралија, затворени неколку плажи
Неколку популарни плажи во Западна Австралија се затворени откако ајкула гризна за нога сурфер.
Нападот се случил во понеделникот малку пред 9 часот по локално време, пишува „Дејли Мејл“.
Сурферот, кој имал околу 20 години, успеал да доплива до брегот каде му била укажана прва помош. Се сомнева дека бил нападнат од голема бела ајкула.
Тој е префрлен во болница, и е во стабилна состојба и не му е загрозен животот.
Шокираните капачи за медиумите изјавиле дека сурферот имал голема среќа и дека можело да биде полошо.
„Изгледаше смирен кога стигна до брегот и побара помош во блиското кафуле“, изјавија очевидци.
По нападот неколку плажи биле затворени, а капачите биле советувани да бидат внимателни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа