Ахмети: Опозицијата потклекна целосно игнорирајќи jа волјата на народот
Ние, лидерите на Европскиот фронт, сметаме дека нашата унија е одраз на духот на Охридскиот договор и претставува обединување за унапредување на еднаквоста меѓу заедниците и социалната кохезиза, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети од седиштето во Мала Речица.
Нашата иницијатива за Европскиот фронт е поздравена и поддржана од граганите на земјата, рече Ахмети.
„Како победничка коалиција на претседателските избори излезе Европскиот фронт со разлика од 40.000 гласови, додека на парламентарните со над 31.000 гласови и 6 пратеници. Европскиот фронт доби 19 пратеници, а опозицијата 13 пратеници. Европскиот фронт излезе како победник во 20 општини во кои живеат и гласаат Албанците и другите заедници, додека опозицијата во 8. Европскиот фронт стана втора сила во земјата, што се случува за прв пат во историјата на земјата. Овие резултати беа нарушени и продолжуваат да се прекршуваат преку изборен инженеринг во очите на целата јавност, домашна, регионална и меѓународна. Исто така, Европскиот фронт и албанската опозициа, во месеците декември 2023 и ануари 2024 година, заеднички се договорија и потпишаа декларација за невлегување во владино партнерство без уставни промени и гаранција за европскоиот пат“, посочи лидерот на ДУИ.
Ахмети потенцираше дека и покрај сите аргументи и резултати, дури и со пратеници, дури и со апсолутни бројки на гласови, дури и со победи во две третини од општините, поразените на изборите, без легитимитет на суверениот, потклекнаа целосно игнорирајќи jа волјата на народот, Охридскиот договор, легитимитетот и без никаква почит кон оние кои ги донесоа сите овие квалитативни промени во нашата држава.
„Во овој контекст, граѓаните не прашуваат, кое е значењето на демократијата кај нас ако мнозинската заедница определува кој ги претставува Албанците, Турците, Ромите, Бошнаците и другите заедници? Зошто овие заедници треба да се организираат во политички партии и да учествуваат на избори за да го добијат легитимитетот на нивните сонародници ако, без разлика на волјата на нашите заедници, на големата македонска партија одлучува за нив според нивните преференции и претпочитања? Овој начин на размислуванье, оваа вазално дејствување, не враќа во времето пред повеќе од две децении кога заедниците беа дискриминирани, третирани како граѓани од втор ред и не се почитуваше волјата на демократскиот глас на заедниците, туку други одлучуваа наместо нас. Драги пријатели, легитимитетот е столб на стабилноста, безбедноста, благосостојбата, еднаквоста“, истакна Ахмети.
„Затоа, ние заедно ја започнуваме битката за почитување на духот на Охридскиот договор, кој се заснова на легитимноста и обичаното право на застапуванье од страна на оние кои го имаат легитимитетот на заедниците. Кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува и сите заедно сме еднакви граѓани. Кога не се почитува духот на Охридскиот договор, се враќаме во други системи и времиња кои колективно сме ги напуштиле. Затоа, непочитуваьето на легитимитетот е понижување за Албанците, Турците, Ромите, Бошнаците и другите. Ова понижување, за жал, го овозможуваат некои кои потпишаа заедничка изјава со нас, кои неколку пати јавно изјавија дека доколку загубат со еден глас и еден пратеник помалку, ќе се повлечат, но од ситни лични амбиции или други непознати причини пред пошироката завност и со голема омраза кон нас, потклекнаа и овозможуваат воспоставуванье на етничка хегемониза“, посочи Ахмети.
„Го започнуваме овој пат за да не дозволиме мајоризација која што го оптоварува соживотот и демократизацијата и ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во нашите напори да го заштитиме гласот, легитимитетот и духот на Охридскиот договор, но и на Договорите од Преспа и за добро-соседството за европската иднина. Вашиот глас не смее да биде небитен и ние сме тука заедно да ја предводиме вашата победа и да j спроведеме вашата победничка волја. Ценевме дека овие прашаьа се надминати и се развивме како општество со взаемно почитување на волјата на едни со други за доброто на заедничкото општество. Но, очигледно е задача на нашата генерација, заедно да не дозволиме поништување на достигнувањата и да спречиме повторување на непочитувањето на политичката волја и легитимитет на суверенот“, рече Ахмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа