Аеродром до Град Скопје по снимката од глутницата кучиња: Најдете решение, ве плаќаме
Општината Аеродром побара од Град Скопје итно да изнајде решение за проблемот со уличните кучиња по случката кога кучиња скитници нападнаа домашен миленик.
Велат дека во изминатиот период одвојуваат значителни средства од сопствениот буџет кои се префрлаат во буџетот на Градот Скопје, со цел ефикасно справување со овој проблем.
„Во неколку наврати, од наша страна е побарано градската администрација да преземе мерки за решавање на овој проблем. За жал, секојдневните коментари, фотографии и снимки од теренот покажуваат дека тие не успеваат да најдат решение за овој проблем кој е целосно во нивна надлежност. Ние, како локална самоуправа и понатаму стоиме на ставот дека неопходно е градот да изнајде соодветно решение за третирање на уличните кучиња и тоа мора да се направи веднаш“, велат од општината.
Доколку актуелното раководство на Град Скопје во следниот период не успее да изнајде решение,Општина Аеродром најави дека ќе ја преиспита одлуката со која се одвојуваат средства за оваа намена“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа