Администрацијата на Паркови и зеленило го чистеше Паркот на прироодата Гази Баба
По повод 5ти јуни, Меѓународниот ден на животната средина, денеска административните службеници заедно со директорот на ЈП Паркови и зеленило Сефи Шабани, спроведоа акција за чистење во Паркот на природата Гази Баба. Оваа акција се реализираше под мотото - Да го промениме светот, почнувајќи од својата животна средина.
„Денешната акција за чистење на паркот од смет и отпадоци е само дел од заложбата на ЈП Паркови и зеленило за чиста и здрава животна околина, како и за зголемување на свеста на сите посетители во парковите низ градот. Во рамките на акцијата се уреди просторот кај ливадата, покрај Природно-математичкиот факутет, шумската патека и преостанатото зеленило во паркот.“-велат од ЈП Паркови и зеленило.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа