АД ЕСМ: 100% ги снабдуваме домаќинствата со електрична енергија
АД ЕСМ е производител на електрична енергија и со сопствената произведена енергија го снабдува ЕВН Хоме за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Снабдувањето се врши 100 процентно, по задолжение добиено од Владата, наместо 60% како што е по законот, а се со цел да се обезбеди електрична енергија по пониска цена и да се спречи енормен раст на крајната цена за домаќинствата. Oва го соопштуваат од АД ЕСМ во соопштение испратено до медиумите.
„ЕСМ Продажба ДООЕЛ е фирма ќерка на АД ЕСМ која врши набавки и продажби на електричана енргија за дополнителните снабдувања по одлуки на Владата, односно субвенционирано снабдувања за три категории субјекти: училишта, прехранбена индустрија и водостопанства, како и за техничките потреби на мрежите на Електродистрибуција и МЕПСО, за да не дојде до покачување на крајната цена на струјата за граѓаните.
По препорака од Владата, ЕСМ Продажба снабдува и одреден број витални објекти, како болници, клиники, детски градински и субјекти од државно значење, по берзански цени, но со помала маржа во однос на другите понудувачи, со што обезбедува поповолни услови и за оваа категорија потрошувачи, додека истовремено остварува профит од тргувањето.
Во однос на начинот на плаќање на електричната енергија при нејзина набавка, истата секогаш се плаќа авансно и наведениот начин се користел и во времето кога имало други раководни структури во АД ЕСМ.
Доколку било кој субјект има сознанија за фирма која продава електрична енергија а истата не ја наплаќа авансно, го повикуваме да ја препорача до ЕСМ Продажба.
Би сакале да напоменеме дека истата не би требало да биде од рангот на досега препорачаните непостоечки и фантом фирми за снабдување со гас и мазут“, се наведува во соопштението доставено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа