90 000 евра казна од Арсовска за Орце Ѓорѓиевски и Кисела Вода
90.000 евра казна во денарска противредност заработи општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Казната од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска следува по истурањето на собраниот отпад од општина Кисела Вода и Аеродром лично од градоначалниците пред влезот на ЈП „Дрисла“ во неделата. Од претпријатието синоќа не дозволија камионите со смет да влезат на депонијата, по што градоначалниците одлучија да го истурат ѓубрето пред влезот за да можат да продолжат со чистење.
Муцунски за Пресс24 вели дека до овој момент нема добиено никаква казна.
Од „Дрисла“ не објаснуваат зошто не дозволија камионите да влезат иако градоначалниците рекоа дека ќе платат за депонирањето на ѓубрето. Во кусо соопштение обвинија дека e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина.
„Ниту Општина Аеродром, ниту Општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ‘Дрисла‘, бидејќи истиот им е истечен во март месец. Се поставува прашањето каде го фрлале сметот овие две Општини во изминатите месеци ако немаат договори? Дали креирале и колку диви депонии креирале“, се вели во соопштението од „Дрисла.
Општина Кисела Вода во текот на утрешниот ден ќе даде подетално објаснување за новонастанатата ситуација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа