4-годишно дете забило ножици во главата на сестричката


4-годишно момче тешко ја повредило својата сестра Нонг (10) по расправија во семејната куќа во Тајланд.

Таа не сакала да си игра со него, па тој зел ножици и и ги забил во главата, пренесува Метро.

Во куќата бил и нивниот дедо Јарун Р.(50), кој слушнал врисоци и плач.

Девојчето е пренесено во болница, а лекарите успеале да и ги извадат ножиците од главата.

По интервенцијата, девојчето било задржано два дена на лекување, а потоа пуштено дома.

Сечилото навлегло во черепот 2,5 сантиметри, но не предизвикало дополнителни повреди.

 

Подоцна роднина на семејството изјави дека момчето во моментот на инцидентот се преправало дека е лик од ТВ серија и  ножиците ги фрлил кон сестра си.

26.03.2024 - 11:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега