Се судрија автомобил и мотоцикл, едно лице тешко повредено


Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат с.Сарај–с.Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(21) од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Ќ.(23) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

29.03.2024 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега