СДСМ: Просечната пензија ќе достигне 500 евра
СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма, во чиј фокус се граѓаните, повисок животен стандард, европски плати и пензии, велат од СДСМ.
„Просечната пензија во 2028 година ќе достигне 500 евра, или 30.000 денари, а минималната пензија ќе биде 20.000 денари.
Дополнително се предвидува мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата, како и пензионерска картичка за пазарење прехранбени производи со попуст од 30%.
Во изминатиот период СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата, дека работи за достоинствен живот за пензионерите.
Со воспоставената методологија за усогласување со растот на просечната плата и со стапката на инфлација пензиите контнинуирано растат.
Просечната пензија порасна за 30%, а минималната за 50%.
Низа мерки се спроведоа за поддршка на пензионерите, пред се оние со ниски примања, а се уште е во тек исплатата на финасиската поддршка од деветиот пакет антикризни мерки.
Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, нема откажување од достоинствен живот за пензионерите!“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа