Му тргнал комарот на стари години - пензионер од Делчево испразни казино

Пензионерот Благојчо Коларски од Делчево им се придружи на семејството среќни милионери на Видеолотарија Касинос Австрија. На 04.03.20224 тој освои Милионер џекпот вреден 1.766.708 денари.

– 1.766.708 денари легнаа на сметката на Благојчо Коларски од Делчево. Тој е нашиот најнов сопственик на Милионер џекпот. Во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија пристигна во придружба од неговиот син, споделувајќи ја со нас, неговата среќна приказна. Благојчо е пензионер кој често се забавува на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија. И досега среќата го радувала, но со помали добивки. Добивката од Милионер џекпот вредна 1.766.708 денари е најголема во неговиот живот. Моментално нема прецизен план како ќе ги потроши парите, но сигурен е дека ќе ги израдува своите деца – велат од Виделотарија Касинос Австрија.

15.03.2024 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега