Лефков: Пендаровски ги злоупотребува државните ресурси за партиски потреби
Стево Пендаровски велеше дека не смее ниту еден државен ресурс, дури и најмалиот да биде употребен во неговата кампања, за на крај лично тој да ги злоупотребува, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Пендаровски лично злоупотребува државни ресурси во трката за претседател, вели Лефков.
„Стево Пендаровски спротивно од тоа што го тврдеше се појавува на владини настани во изборен период, со чија организација нема никаква поврзаност.
Стево Пендаровски се вози со државен автомобил до партиски штабови за партиски состаноци, иако велеше дека тоа нема да го прави.
По примерот на Пендаровски работи цело СДС. За потребите на Пендаровски, вицепремиерот Маричиќ злоупотреби службено возило за да се потпише за кандидатурата на Пендаровски.
Стево Пендаровски едно зборува, друго прави.
Стево Пендаровски ги злоупотребува државните ресурси за партиски потреби.
Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, потенцираше Лефков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа