Зимата се врати - Снег вее низ Македонија

 

Од утринава во Скопје врне снег, а според прогнозата на синоптичарите денеска во главниот град ќе има повремени врнежи од дожд и снег и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде максиум до шестиот степен. 

Снег врне и во останатите делови од државата, а според утринските информации од Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу снег има на Попова Шапка каде висината на снежната покривка е 29 сантиметри по што следуваат Маврови Анови со седум сантиметри и Крива Паланка со еден сантиметар.

Од утре веќе се очекува намалување на облачноста, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури. 

17.02.2025 - 11:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега