Жители се евакуираат поради невреме во Калифорнија
Силното невреме во Калифорнија донесе големо количество дожд и снег, а поради опасност од поплави, на жителите на северниот дел на оваа американска држава им е наредено да се евакуираат.
Невремето предизвика излевање на реките, сообраќајот се одвива отежнато, а главните автопатишта се затворени.
Најтешките поплави ја погодија областа на 32 километри јужно од Сакраменто, каде што се излеаја реки, а локалните власти наредија евакуација на Поинт Плезант, додека на жителите на Гленвил Тракт и Френклин Понд им беше наредено да бидат на највисоко ниво на тревога за евакуација.
02.01.2023 - 13:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа