Жена заврши во болница - детали за сообраќајката во скопски Аеродром

Едно лице е повредено во сообраќајка што се случила утрово во скопската населба Аеродром.

Во СВР Скопје денеска била пријавена сообраќајна незгода на ул. „Васко Карангелевски“ помеѓу „рено меган”, со скопски таблички, управувано од Л.Д. (60) и „тојота” со скопски таблички, управувана од Е.Д.Б. (45).

Според првичните информации, со телесни повреди се здобила Е.Д.Б. и укажана и е помош во Клинички центар „Мајка Тереза”.

Повеќе фотографии од несреќата тука

 

20.11.2023 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега