Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Ел Салвадор
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер го погоди денеска Ел Салвадор, соопшти владата на земјата.
Според прелиминарните податоци на Министерството за животна средина на централноамериканската земја, епицентарот на земјотресот бил регистриран во близина на брегот на Тихиот Океан, пренесе Ројтерс.
Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Сан Салвадор, изјавиле очевидци за британската агенција.
27.02.2023 - 22:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа