Земјотрес со јачина од 5,8 степени меѓу Авганистан и Таџикистан

 

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди областа долж авганистанско-таџикистанската граница, соопшти денеска германскиот истражувачки центар за геологија (ГФЗ).

Во соопштението на ГФЗ се наведува дека земјотресот бил регистриран утринава во 06:47 часот по локално време и оти епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 92 километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета. 

19.04.2025 - 11:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега