Земјоделците на протест: Втор ден блокади на автопатите во Париз

 

Земјоделците ги блокираат осумте автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција, додека пак членовите на Конфедерацијата на селаните ги блокираат и влезовите во дистрибутивните центри во Кавајон во департманот Воклуз, на југот на Франција.

Тие протестираат поради владиниот данок за гориво за трактори, увозот на евтини земјоделски производи и ниските откупни цени, а воедно  бараат и намалување на даноците, исто како на земјоделците ширум Европа.

Француската влада синоќа соопшти дека денеска ќе бидат преземени нови мерки во корист на земјоделците.

Земјоделците во Франција протестираат и против договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и извозниците на храна, особено поради договорот со јужноамериканскиот блок Меркосур, кој се уште е во фаза на изработка, а за кој тврдат дека исто така ќе придонесе за нелојална конкуренција на пазарот. 

30.01.2024 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега