Зеленски се пожали: Само Орбан не блокира да влеземе во ЕУ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Унгарија е единствената членка на Европската унија што го блокира членството на Украина во блокот.
„Што се однесува до Европската Унија, одлуката за членство на Украина во ЕУ ја блокира една земја. Таа земја е Унгарија“, нагласи Зеленски.
Тој истакна дека конечниот договор за завршување на војната ќе вклучува и економски гаранции за Украина, пренесува Укринформ.
14.03.2025 - 19:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа