Зеленски пристигна во Полска

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава пристигна во Полска, каде ќе се сретне со раководството на земјата, јави полската мрежа РМФ ФМ.

Зеленски ќе се сретне со својот полски колега Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки, како и со полски граѓани и украински бегалци.

Ова е негова прва официјална посета на Полска. Пред тоа само транзитно минувал низ таа територија.

05.04.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега