Зеленски: Планот на Украина за победа е целосно подготвен
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потврди дека украинскиот „план за победа“ во војната со Русија, што мора да му го претстави на американскиот колега Џозеф Бајден до крајот на месецот, е „целосно подготвен“.
– Сега е најважна решеноста да се спроведе, рече Зеленски во своето дневно обраќање до нацијата.
Според него, „нема и не може да има алтернатива за мирот, нема замрзнување на војната или други манипулации со кои само руската агресија само би била заменета“.
Русија ја нападна Украина со својата војска во февруари 2022 година и незаконски окупираше и отцепи делови од неа на исток и југ.
Властите во Киев, кои добиваат оружје од Запад, бараат од западните земји дозвола да користат ракети со долг дострел за да гаѓаат цели подлабоко на руска територија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа