Зеленски: Неодлучноста на западните партнери ќе ѝ даде на Русија дозвола за глобален терор


Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави денеска, во врска со синоќешните руски напади врз цивилната инфраструктура во Украина, дека на земјата ѝ е потребна поддршката од западните партнери и дека нејзиното отсуство ќе ѝ даде на Русија лиценца за глобален терор.

„Сите наши европски соседи и други партнери ја гледаат критичната потреба на Украина за системи за противвоздушна одбрана“, напиша Зеленски на мрежата Х додавајќи дека „руските ракети и беспилотните летала ‘Шахед’ продолжат да ја погодуваат не само Украина туку и решителноста на нашите сојузници“.

Тој предупреди дека на Украина ѝ е потребна поддршка, а не „да се врти главата и да се водат долги дискусии“.

„Светот може да покаже дека секој акт на терор се третира еднакво како злосторство“, посочи Зеленски и рече дека „тој е благодарен на секој лидер кој не молчи и кој ќе продолжи да ја поддржува Украина и да го осудува рускиот терор“.

11.04.2024 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега