Зборувале на мобилен и летале на црвено - Полицијата демне на секој чекор
Напоредно со превентивните активности од областа на бебедноста на сообраќајот кои што речиси секојдневно се реализираат преку надлежните полициски служби во сите сектори за внатрешни работи на МВР, продолжуваат и интензивните сообраќајни контроли на патиштата низ државата.
Од МВР информираат дека вчера во рамки на активностите на полициските службеници за 796 учесници во сообраќајот беа издадени платни налози, а од друга страна наплатени беа 500 платни налози. Дури 338 од овие прекршоци вчера се однесуваа на неправилното паркирање, а во 145 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење.
Од друга страна пак по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и и говорење на мобиен телефон при возење, евидентирани беа 50, односно 31 прекршок. Полициските службеници детектираа 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи, во четири случаи возачи минале на црвено светло, а во сообраќајот учествувале и 15 нерегистрирани возила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа