Заврши нападот на Иран врз Израел
Израелската армија пред неколку минути објави дека граѓаните можат да ги напуштат заштитените подрачја, јавуваат израелските медиуми.
Балистички ракети пред нешто повеќе од еден час почнаа да летаат во правец на Израел, над делови на Јордан, а по неколку часа настана тензија поради предупредувањето дека нападот ќе започне наскоро.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари на телевизија изјави дека нема извештаи за повредени по истрелувањето на околу 200 ракети од Иран.
Тој додаде дека се чини дека нема повеќе закани од дојдовни ракети, но додаде дека Израел е подготвен.
Израел потоа го отвори својот воздушен простор, затворен по почетокот на ракетниот истрел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа