Запознајте ја највисоката жена на светот
Турчинката Румеиса Гелги (24), висока два метра и 15 сантиметри, е прогласена за највисока жена во светот, со што по вторпат влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Во 2014 година, Гелги беше висока два метра и 13 сантиметри, а нејзината висина на последното мерење била два метра и 15 сантиметри.
На Гелги од Карабук, во 2014 година ѝ бил дијагностициран Виверов синдром, ретко генетичко нарушување, кое се карактеризира со прекумерен раст, и тогаш ја доби титулата највисок тинејџер во светот.Во изјава за турските медиуми, таа рече дека поднела барање за ново мерење и добивање на титулата највисока жена во светот.
-Мојата висина повторно беше измерена. Рекордот е потврден. Горда сум што по вторпат сум светска рекордерка, изјавила Гелги за турски „Анадолу“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа