Запален автомобилот на поранешниот началник на СВР Штип

 


Повторно е запалено возило во Штип, овојпат на поранешниот началник на СВР, Боби Гидиоски. Возилото е опожарено на улицата „Ванчо Китанов“ на паркингот пред станбената зграда, а во Полициската станица во Штип настанот бил пријавен во пет минути по полноќ.

Возилото „фолксваген голф“ со штипски регистерски ознаки било сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој бил корисник на истото. Во Штип ова е второ запалено возио за само три дена, или четврто за помалку од два месеци. Во октомври беше запалено и  возилото на управителот на регионалната М-Нет телевизија, потоа гореше автомобил во населба Балканска, а пред два дена опожарено беше возило на улица „Сремски фронт“ во Штип.

18.12.2024 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега